Хуманитарна акција на Македонска пошта

Големина на текст: Decrease font Enlarge font

Македонска пошта како општествено одговорна компанија која секогаш кога е потребно ја покажува својата хумана страна и овојпат се вклучува во хуманитарната акција за помош на настраданите во тетовскиот регион.

Почнувајќи од 10.08.2015 год. (понеделник) па се до 15.08.2015 год. (сабота) АД „Македонска пошта“ прогласува „Недела на хуманост“.

Во соработка со Црвениот крст на Република Македонија граѓаните на нашата држава својата хуманитарна помош во храна, облека,  средства за лична хигиена и дезинфекција можат да ја предадат во 330-те единици на поштенска мрежа на АД „Македонска пошта“ на целата територија на Р. Македонија. 

АД „Македонска пошта„ изразува сочуство до настраданите во оваа природна катастрофа и ги повикува сите хумани граѓани да дадат придонес со своите донации.

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Помош за корисници
  • Help
  • Kalkulator
  • Sledenje na Pratki
  • EMS
Video