Продлабочување на соработката со Пошта Албанија

Големина на текст: Decrease font Enlarge font
image

На 10 септември 2015 година, генералниот директор на Македонска пошта  г. Фаадис Реџепи беше во службена посета на Пошта Албанија.

 

Целта на посетата беше продлабочување на соработката и размена на искуства помеѓу двете компании. За време на состанокот со генералниот директор на Албанската пошта г. Мајлинд Лазими  се разменија информации за тековните активности на двете пошти, а се разговараше и за предизвиците со кои ќе се соочи во иднина поштенскиот сектор.

 

Покрај тоа, на состанокот се разговараше за платформата на електронска трговија, можноста за печатење на поштенска заедничка марка, хибридна пошта, транспортни услуги, како и за поштенско финансиски услуги. Посебен акцент беше даден на можноста да се користи капацитетот на хибридна пошта и обезбедување на овие услуги за албанскиот пазар. Исто така, се разговараше и за размена на искустава за користење на платформата на електронска трговија, бидејќи Пошта Албанија веќе има потпишано договор со Поштата на Турција за користење на оваа услуга.

 

Директорите на поштенските управи  се согласија дека онлајн трговијата е главната можност за соработка, со оглед дека онлајн трговијата се развива не само во регионот, туку и во целиот свет, и дека таквата соработка меѓу двете пошти е во заеднички интерес.

 

Во 2016 година Пошта Албанија ќе биде организатор на Ballkanfilа, и по повод овој настан  Македонска пошта беше поканета да биде дел од оваа манифестација.


  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Помош за корисници
  • Help
  • Kalkulator
  • Sledenje na Pratki
  • EMS
Video