Одржан првиот Поштенски маратон под покровителство на Македонска пошта

Големина на текст: Decrease font Enlarge font
image

Под покровителство на АД „Македонска пошта“ на 01.11.2015 год. во Прилеп се одржа првиот Поштенски маратон. Во таа прилика генералниот директор на компанијата, г.Фаадис Реџепи истакна:

„Го изразувам моето задоволство дека првиот Поштенски маратон под покровителство на Македонска пошта заврши со успех, а уште поголемо е задоволството оваа убава спортска манифестација да стане традиционална и да преставува место за градење на мостови помеѓу различни културни вредности.

Духот на маратонецот и на поштарот е главната врска помеѓу оваа атлетска дисциплина и Поштата. Тие се неуморни, незапирливи, постојано во движење и симбол на добрата вест.

Нашето покровителство на првиот Поштенски маратон е израз на нашата општествена одговорност како компанија, а воедно и обврска кон сите вас граѓани кои безрезервно ни ја давате вашата доверба.

Пошта е постојано со вас, а поштарите се меѓу вас како најдраги домашни гости.

Со помагање на ваквите и слични спортски активности, во услови на модернизација на општеството ние го помагаме активниот и здрав начин на живот, се надевам дека сите заедно ќе успееме во ова.

Започнувањето на оваа манифестација со најмладите-децата кои беа во значителен број дава надеж за една светла иднина за ваквите спортски настани.   

Уште еднаш им честитам на победниците, им благодарам на сите кои несебично се вложија за да се реализира овaa спортска манифестација, 

А јас и моите соработници без разлика што доагаме од Скопје, Тетово, Гостивар или други градови, во Прилеп се чуствуваме како дома.“

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Помош за корисници
  • Help
  • Kalkulator
  • Sledenje na Pratki
  • EMS
Video