Промовирани поштенските марки посветени на Ибрахим Темо и Али паша Тепелена

Големина на текст: Decrease font Enlarge font
image

Денес во просториите на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците беа промовирани поштенските марки - 150 години од раѓањето на Ибрахим Темо и 275 години од раѓањето на Али паша Тепелена.

Во таа прилика генералниот директор на Македонска пошта, г.Фаадис Реџепи истакна:„ Македонска пошта како компанија која ги почитува културните и историските вредности во Програмата за издавање на поштенски марки ги вклучи и поштенските марки кои ги промовираме денес, давајќи сопствен придонес на ликот и делото на овие двајца великани. Поштенските марки се безвременски, единствени уметнички дела во кои уметноста на многу мал, но значаен простор претставува ликови, епохи, дела. Таа е единствениот амбасадор што ги премостува границите, времето и далечината, ги доближува луѓето и нивните судбини. Токму поради тоа, филателијата е многу повеќе од тоа да ставите поштенска марка на писмо или друга поштенска пратка, таа е израз и симобол на културата на еден народ.

Затоа, ми претставува особено задоволство што овие две поштенски марки што ги промовираме денес ќе се најдат на безброј писма, картички, поштенски пратки, ќе патуваат низ светот и ќе бидат силна поврзувачка мисла која лесно ги премостува далечините.

Поштенските марки се со номинална вредност од 16 односно 18 ден, испечатени се во тираж од по 8000 примероци, а автор е Лариса Живковска Донев од Бирото за филателија на Македонска пошта“.

За ликот и делото на Ибрахим Темо и Али паша Тепелена зборуваа и директорот на Институтот за духовно  и културно наследство на Албанците, г.Скендер Асани и  проф. д-р Неби Дервиши.

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Помош за корисници
  • Help
  • Kalkulator
  • Sledenje na Pratki
  • EMS
Video