Презентирани резултатите од работењето на Македонска пошта за 2015 год.

Големина на текст: Decrease font Enlarge font
image

Денес во присуство на членови на Надзорниот одбор, Управниот одбор, високи претставници од Агенцијата за пошти и преставници на средниот менаџмент на АД „Македонска пошта“ – Скопје, генералниот директор на АД „Македонска пошта“ – Скопје Фаадис Реџепи ги презентираше реализираните активности и постигнатите резултати во 2015-та година, при што го истакна следното:

Реализираното е учинок и придонес на над 2400 ангажирани лица во Македонска пошта вклучувајќи не и сите нас кои денеска сме тука присутни.

Во 2015-та година менаџментот на Македонска пошта со целото свое знаење и потенцијал во дадените околности беше и ќе биде фокусиран за:

  • Постојана грижа за корисниците
  • Подобрување на квалитетот на поштенските услуги
  • Подобрување на условите за работа

Но, притоа се водеше сметка и за општествената одговорност, помагајќи разни хуманитарни акции и други културни и спортски активности.

Не радува фактот што 90% од правните лица во Македонија нас не гледат како нивен примарен поштенски оператор а 83% од физичките лица кои ги користат нашите услуги се задоволни од доставата на пратките.

Сите корисници на нашите услуги подеднакво ги цениме, кај помал дел од нив можеби не сме успеале да ги задоволиме сите нивни очекувања. Но, Ве уверувам дека решително работиме на подобрување на квалитетот на постојните услуги и воведување на нови.

Покрај зголемување на теренските контроли на пошторазнесувачите, воведен е систем на следење на пратките во внатрешен поштенски сообраќај преку кој може во секое време да се следи доставата на книжените поштенски пратки; организирана е достава на пакетите до 10 килограми на дом во сите градови на Македонија; овозможено е бесплатно користење на поштенските фахови; набавен е Data Read систем со кој на услугите на хибридна пошта им е додадена нова вредност.

Во соработка со меѓународен консултант подобрен е квалитетот на EMS услугата во меѓународен сообраќај при што од вкупно 201 рангирана земја Македонска пошта од 132-то место се искачи на 89-то место, што значи скок за 43 места во рангирањето.

Значаен проект кој се започна во 2015-та година е изработката на интегрирана развојна програма за поштенскиот сектор на Македонија. Со помош на меѓународен експерт, а согласно IPDP методологијата на Светскиот поштенски сојуз во кој учествуваа тимови од Македонска пошта, Агенција за пошти и Министерство за транспорт и врски.

Тоа што сакам да потенцирам како компанија во државна сопственост е дека во јавните набавки почитувајќи ги начелата на законитост, транспарентност и конкурентност од сите реализирани постапки постигнато е намалување на цената за 23% додека најголемото намалување е 90%.

Во вкупниот обем од 72 милиони услуги, најголемо учество имаат поштенските услуги со 62%, следат финансиските услуги со 22%, услугите на хибридна пошта со 15%.

Во отежнати услови на делување, кога и во светски рамки класичните поштенски услуги бележат пад од околу 3% годишно успеавме да продолжиме со трендот на позитивно работење и одржување на солидна ликвидносна состојба, при што во 2015 година нето паричниот тек за 11 месеци изнесува: +60 милиони денари.

Развојот на Македонска пошта го гледаме во развој на услугите за интернет продажба преку соработка со меѓународни компании од таа област, за што веќе имаме преговори со сериозна меѓународна компанија; развој на интернет продажбата во соработка со домашни фирми за што веќе имаме потпишани договори; зголемување на понудата за финансиски услуги како и дизајнирање и нудење на е-услуги како што се:

  • Cloud services
  • E-Post
  • E-Government

Сето ова веруваме дека можеме да го постигнеме со постојано инвестирање во кадровскиот потенцијал и обука на вработените како и користење на искуства од други поштенски управи.

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Помош за корисници
  • Help
  • Kalkulator
  • Sledenje na Pratki
  • EMS
Video