Управен Одбор

Фаадис Реџепи, Генерален директор и Претседател на управниот одбор на АД ,,Македонска пошта,,-Скопје.

 

Воведен говор на генерален директор на Македонска пошта

Роден во Скопје на 28.10.1977 година.

 

Образование:

2002 година 

Дипломирал на Економски факултет при Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј,,-Скопје,  во насока Финансиско сметководствен менаџмент.

2007 година

Согласно програмата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија се стекнал со звањето  „Инвестиционен советник „.

 

Професионално искуство: 

2008 – 2014 година

Раководител на Секторот за економко и финансиско работење при АД „Македонска пошта„-Скопје

2008 - 2013 година

Член на Надзорен одбор на „Поштенска банка„ АД –Скопје

2009-2010 година

Работел со ,,КПМГ ДОО Бугарија,, во извршување на длабинска правнo-економска анализа и проценка на АД „Македонска пошта„-Скопје, 

2008 – 2012 година

Заменик претседател на Одборот за ревизија на „Поштенска банка„ АД –Скопје

2003 – 2008 година

Шеф на Службата за развој, маркетинг и пропаганда при АД „Македонска пошта„-Скопје

2005 – 2007 година

Член на Управен одбор на „Поштенска банка„ АД – Скопје

2005 – 2007 година

Претседател на одборот за управување со ризици во „Поштенска банка„ АД –Скопје

2002 – 2003 година

Координатор на одделенија во Секторот за развој на граничните премини при ЈП ,,Стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија,,- Скопје


 

Гоце Боболински - Заменик генерален директор и Заменик претседател на Управен одбор

Дипломиран правник на Универзитет Св.„Кирил и Методиј„ -Јустинијан Први - Скопје - Р.Македонија. Роден е 01,05,1980 год. во Берово.

Работно искуство - од 2006г. - 2007г. Асистент на Менаџер за поддршка и развој на стопанскиот сектор во регионот Малеш, од 2007г. - 2008г. како приправник во адвокатска канцеларија и од 2008г. - 2013г. Помошник раководител на сектор за правни и други стручни работи во Владата на Република Македонија - Генерален Секретаријат.

- Активно го зборува англискиот јазик, српскиот, хрватскиот и бугарскиот јазик.

 

Ремзи Абдулахи - Директор за поштенски операции и член на Управен одбор

Дата на раѓање 21.01.1981 Тетово Македонија

Обаразование-Дипломиран правник на Државниот универзитет Тетово.Работно искуство-Прво вработување 2007 до 2009 Владата на Република Македонија како помлад соработник 2009 до 2015 Министерство за економија како помлад испектор. Го зборува англискиот јазик и јазиците кои се зборуваат во некои земји од регионот.


 

 

 

Авдил Битиќи -Директор за економски и финансиски работи и член на Управен одбор

Дипломиран економист- надворешна трговија, Економски Факултет, Скопје. Роден е на 06 јули 1982 год. во Скопје. Од септември 2005 год. до неговото именување за директор за економски и финансиски работи, работел во СУГС „Арсени Јовков„ како професор по економски предмети. Во текот на учебната 2006-2007 година бил ангажиран како координатор на проектот за училишни компании од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија, проект помогнат од Владата на Австрија и УСАИД. Го зборува англискиот јазик и јазиците кои се зборуваат во некои земји од регионот.

 

 

 

 

Драган Димески

Роден: 06.07.1982 година

Образование:

Дипломиран политиколог при Правниот факултет,,Јустинијан први,, на Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј,, - Скопје

Моментално на магистерски студии на ФАМИС при Универзитет ,,Св. Климент Охридски ,, - Битола

Професионална активност:

- 2007 – 2008 година вработен во Влада на Р.Македонија во Кабинет на Заменик Претседателот на Владата проф. д-р Живко Јанкулоски; 2007 – 2008 година член на Советот за јавно приватно партнерство; 2009 – 2010 година вработен во Влада на Р.Македонија; учество на повеќе меѓународни конференции;

 

 

Виктор Стевковскиn- Директор за маркетинг и продажба и член на Управен одбор

Дипломиран инженер по електротехника, (КТИА) на Електротехничкиот Факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методија“. Роден е на 03.03.1977 во Скопје. Во периодот од  2012 - 2014 посетува постдипломски студии од областа на бизнис менаџмент при интернационалното училиште за бизнис Котругли (cotrugli.eu). Од 2005 година работи во приватна компанија за развој на софтвер ЕИН-СОФ од Скопје на неколку раководни позиции, почнувајќи од менаџер за квалитет до оперативен директор и менаџер за клучни корисници. Искуство на интернационални проекти за клиенти од САД, Франција, Италија, Јапонија, Германија и други. Во 2004 е со-основач на софтверска компанија ЕТКМ. Работел како консултант за развој на бизнис за компании од Данска и САД, а во 2013 е со-основач и на фирма за интелектуални услуги и консталтинг за развој на бизнис. Бил гостин предавач на ФЕИТ, ФИНКИ, Универзитет на Југоисточна Европа од областа на менаџмент и информатички науки. Учествувал и водел имплементации на ИСО стандарди, како и CMMI за сервисни компании. Посетувал меѓународни обуки и семинари од областа на менаџмент.

 

Помош за корисници
  • Help
  • Kalkulator
  • Sledenje na Pratki
  • EMS
Video