Директнa пошта
Големина на текст: Decrease font Enlarge font
Медиумите се пребукирани со рекламни пораки! Кога отварате весник, вклучувате телевизор, радио, компјутер, возите автомобил, рекламите Ве “притискаат” од сите страни.

Во таков хаос од рекламни пораки мошне е тешко да го издвоите својот производ или услуга.

А сега, замислете некој што ќе влезе во секој дом или компанија во Македонија и ќе му се обрати лично на потрошувачот! Кога тоа би му го довериле на човек, би Ви требале бесконечно време и огромни средства. Но кога тоа би n го довериле на Директната пошта работата би била завршена за час, а трошоците за реклама би биле неспоредливо помали од било кој друг медиум.

Вашите летоци, каталози, примероци, купони и сл. со Директна пошта доаѓаат точно до целните групи за кои се наменети. 

Со Директната пошта Вашиот рекламен материјал доаѓа до вистинската врата!

Чекор 1
Ако имате голем број пратки и на ниво на целата Република контактирајте го Секторот за маркетинг. Ако пратките Ви се само за територијата на една подружница, контактирајте ја односната подружница на Македонска пошта.

Чекор 2
Изберете меѓу адресирано или неадресирано доставување. Со избор наадресирано доставување на материјалите, корисникот може сам да адресира или тоа да и го препушти на Македонска пошта која располага со своја база на податоци. Доколку се избере услугата неадресирано доставување на материјалите потребно е корисникот само да ја назначи целната група до која сака рекламниот материјал да i биде доставен.

Чекор 3
Вашите материјали во најкус рок доаѓаат до вистинската врата.

*Правното лице што има потреба од испраќање поголемо количество, може да контактира со Секторот за маркетинг на Македонска пошта и да склучи договор со кој стекнува право на одложено плаќање.

Сектор за маркетинг тел. 02/ 3105 110 или 3105 116

email: marketing@posta.com.mk

 

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Помош за корисници
  • Help
  • Kalkulator
  • Sledenje na Pratki
  • EMS
Video