EMS - Брза Пошта
Големина на текст: Decrease font Enlarge font
Општопознат е податокот дека Земјата се движи околу својата оска со 0,5 км во секунда, а околу Сонцето со 30 км во секунда.

 

Но, од денешен аспект, можеби ова е застарена информација?!

Денешниот свет е сe побрз. Луѓето имаат сe помалку време. Настаните што се случуваат со филмска брзина и информациите, кои постојано се менуваат, бараат брза и навремена реакција.

 

ЕМЅ-БРЗА ПОШТА е сервис што го следи забрзувањето на светот и овозможува испораки до секоја точка од планетата за најкус можен рок.Грижливо изработениот систем на цени е “по мерка” на домашните потреби и можности.

 

Слоганот “Брзината е вклучена во цената” не е случаен. Тој одлично ја отсликува суштината на ЕМЅ-брза пошта. Брза испорака по најниски можни цени.

ems_original.jpg

Испраќањето со ЕМЅ-брза пошта е едноставно и брзо. Сe што треба да направи корисникот е соодветно да ја спакува пратката и да го повика телефонскиот број 150 00. За најмногу 60 минути таа веќе е на пат. Пратката може да биде и лично доставена до некој од шалтерите за ЕМЅ-пратки.

 

Нашата служба располага со сопствен возен парк од 45 возила, кои овозможуваат брза и навремена испорака.

 

Рокови за испораката на ЕМЅ-пратки:

 

- за најмногу 3 часа - испорака во исто населено место во Македонија;- за најмногу 24 часа - испорака до друг град во Македонија;- за 3 до 5дена - испорака до меѓународните дестинации.

 

Правното лице, кое е чест корисник на ЕМЅ-услугата, преку контакт со Секторот за маркетинг при Македонска пошта има можност да потпише договор со кој се здобива со право за одложено плаќање.

 

*Правното лице што има потреба од испраќање поголем о количество, може да контактира со Секторот за маркетинг на Македонска по ш та и да склучи договор со кој стекнува право на одложено плаќање.

 

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
EMS - Брза Пошта
Помош за корисници
  • Help
  • Kalkulator
  • Sledenje na Pratki
  • EMS