Хибридна пошта
Големина на текст: Decrease font Enlarge font
Големите потреби бараат иновативни решенија. Хибридната пошта е дизајнирана токму за клиенти со големи потреби. Таа е комбинација на електронска и класична поштенска услуга

 

Клиентите што ги користат нејзините услуги добиваат во време, ги штедат своите човечки ресурси, а сето тоа резултира со рационализација на трошоците. Од друга страна впечатокот што оваа услуга го остава кај крајниот потрошувач е високата професионалност на фирмата-испраќач. Во регионот “Македонска пошта” е единствениот понудувач на услугата “Хибридна пошта”.

Затоа, почитувани менаџери, не губете време, ресурси и пари! Користете ја Хибридната пошта за најбрз, најсигурен и доверлив начин на достава на Вашите печатени материјали! 

Едноставно
Доставете ги Вашите податоци по електронски пат или на информатички магнетен медиум (дискета; магнетна лента; цеде итн.)

Брзо
Системот на Хибридната пошта е високо модернизиран. Обработените и исфилтрираните податоци се печатат со брзина од 700 А4-страници за една минута.

Можно
При печатењето на секој документ со еднаква прецизност можат да се вметнат фиксни и варијабилни податоци.

На располагање Ви се и форматите А3, А4, 2/3 А4 и 1/3 А4, еднострано или двострано печатени. Освен испечатениот материјал, при ковертирањето може да се вметнат рекламни материјали и други додатоци.

Прецизно
Печатените документи целосно автоматизирано се ковертираат и доставуваат до примачот со класична достава или со EMS - брза пошта.

*За користење на Хибридната пошта контактирајте со Секторот за маркетинг на Македонска пошта. 

Сектор за маркетинг 
тел. 02/ 3105 110 и 3105 116

email: marketing@posta.com.mk

 

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Помош за корисници
  • Help
  • Kalkulator
  • Sledenje na Pratki
  • EMS
Video