Универзални поштенски услуги
Големина на текст: Decrease font Enlarge font
Универзалните поштенски услуги се основна и најстара дејност на Македонска Пошта . Денес , тие опфаќаат само еден дел од нејзината работа .

Универзалната поштенска услуга вклучува прием , сортирање , пренос и достава на поштенски пратки до 2 кг и на поштенски пакети до 31,5 кг и тоа :

•  обични поштенски пратки ( писма , поштенски картички , печатени работи , секограми , мали пакети и друго ) •  книжени поштенски пратки ( препорачани писмоносни поштенски пратки , вредносни поштенски пратки , поштенски парични упатници , телеграфски парични упатници ) •  ЕМС поштенски пратки •  Други поштенски пратки и услуги кои содржат стока со или без означена вредност

1. Писмо е поштенска пратка која содржи писмена порака во затворен плик без означена вредност , или било која друга поштенска пратка која во поглед на големината и тежината е усогласена со стандардите пропишани за писмо . Писмото не може да има поголема тежина од 2 кг и може да биде стандардизирано , нестандардизирано и гломазно.

 

Стандардизирано писмо е писмо во затворена обвивка ( плик ) во форма на правоаголник , чија должина не е помала од широчината помножена со 1,4 и кое им одговара на следните димензии :

Писмо со обична обвивка 

•  најмали димензии од 9 х 14 см , со толеранција од 2 мм 

•  најголеми димензии од 12 х 23,5 см , со толеранција од 2 мм 

•  најголема тежина до 20 грама 

•  најголема дебелина од 5 мм 

•  адресата на примачот треба да биде напишана на страната од пликото која нема преклоп за затварање и во правоаголен простор

 

Писмо во обвивка со прозирен дел 

•  димензиите и тежината на писмата со прозирен дел се еднакви на димензиите и тежината предвидени за писмо со обична обвивка 

 

Во стандардизирани писма не се вбројуваат : 

•  писмо со текстуален дел или графички знак под адресата , десно и лево од адресата во простор широк најмалку 15 мм 

•  писма кои содржат испакнати и тврди предмети 

•  превиткани писма кои не се затворени од сите страни , и писма изработени од материјал кој нема физички особини на хартија ( исклучоци се материјали кои се користат за прозорчиња ).

 

Нестандардизирано писмо е писмо кое не ги исполнува условите за стандардизирано писмо , а неговата тежина не е поголема од 250 грама .

 

Гломазно писмо е писмо со тежина поголема од 250 грама.

2. Поштенска картичка е обична писмоносна пратка со отворена пишувана порака која се предава отворена и без плико . Поштенската картичка е изработена од картон или доволно цврста хартија во форма на правоаголник . Најголеми димензии на поштенска картичка се 15 х 10,5 см ., а најмалите 14 х 9 см . Поштенската картичка од поштенско издание за внатрешен сообраќај мора да има назив : “ Поштенска картичка ”, и отпечатена поштенска марка .

 

Поштенската картичка која не ги исполнува предвидените услови во поглед на плаќањето на цената за поштенските услуги се смета како писмо .

 

3. Печатени работи се отворени поштенски пратки кои содржат книги , каталози , весници , периодични списанија и други печатени работи . Печатената работа не може да има тежина поголема од 5 кг . Димензиите на печатенати работи мораат да им одговараат на димензиите предвидени за писмо .

 

Книги се непериодични печатени работи со најмалку 50 страници , не сметајќи ги кориците .Весници се печатени работи кои излегуваат секојдневно или на одреден временски интервал , во форма на весници , а не се укоричени и поврзани под услов да се регистрирани кај надлежен државен орган .Списанија се укоричени и поврзани печатени публикации кои излегуваат на одреден временски интервал , најмалку четири пати годишно . Еден примерок на весник или списание , како печатена работа , не може да има поголема тежина од 500 г .

Други печатени работи се : брошури , проспекти , покани , ценовници , именици , плакати , календари и роковници .

 

4. “М” вреќа е поштенска пратка ( вреќа ) во внатрешен и меѓународен сообраќај , која што ист испраќач ја праќа на ист примач на иста адреса и содржи печатени работи . Тежината на “М” вреќата не смее да биде повеќе од 30 кг .

 

5. Секограми ( отпечатоци за слепи ) се отворени поштенски пратки кои содржат печатени знаци за слепи , звучни снимки или компјутерски записи . Димензиите на секограмот мораат да одговараат на димензиите предвидени за писмо , а тежината не смее да биде поголема од 7 кг .

 

6. Мал пакет е отворена поштенска пратка која содржи предмети со или без означена вредност со тежина до 2 кг . и со димензии за писмо . Малиот пакет може да содржи попис на содржината , технички услови , вредност на стоките и адреса на испраќачот и примачот , но не и пишувано соопштение .

7. Електронско писмо е поштенска пратка која содржи порака што ОПО ја добил по телекомуникациски пат и ја пренел верно на оригиналот на физичка подлога со цел да се изврши доставување на примачот .

 

8. Пратки со платен одговор ( ЦЦРИ ) се писмоносни поштенски пратки ( писма и поштенски картички ) кои имаат во прилог или содржат писмоносни пратки со ознака за извршена наплата што ја платил испраќачот со цел да добие одговор .

 

Книжени поштенски пратки се поштенски пратки за кои поштата паушално или во рамки на означената вредност , гарантира против ризици од губење , кражба или оштетување и за која на испраќачот се издава потврда за приемот односно предавањето во пошта , а од примачот се бара потврдување на приемот .

1. Препорачани поштенски пратки се затворени книжени поштенски пратки за кои паушално се гарантира против ризици од губење , кражба или оштетување и за кои на испраќачот , по потреба и на негово барање , се обезбедува доказ за достава на поштенските пратки и / или нивна испорака на примачот .

 

2. Вредносни поштенски пратки се затворени книжени поштенски пратки со означена вредност кои можат да содржат драгоцени предмети , пари , вредносни хартии или писмени пораки . Вредноста на содржината мора да биде назначена со бројки и со букви на левиот долен дел на адресната страна на вредносната пратка . Означената вредност мора да и одговора на вистинската вредност на содржината на пратката . Како вредносни поштенски пратки можат да се предаваат писма , пакети , ЕМС пратки ( во внатрешен сообраќај ) и мали пакети .

 

3. Пакет е книжена поштенска пратка со определена големина и тежина до 31,5 кг . која содржи предмети со или без означена вредност . Пакет може да содржи стоки , пари и други предмети како и пишувано соопштение . Вредноста на содржината на пакетот мора да биде назначена со бројки на левиот долен дел на адресната страна на пакетот . Означената вредност мора да и одговора на вистинската вредност на содржината на пакетот или во дадениот случај , на вредноста на содржината за испраќачот , за што треба да стои изјава на испраќачот во потврдата за предавање на пратката . Последиците од неозначувањето на вистинската вредност ги поднесува испраќачот .

 

Стандардизиран пакет е оној чија содржина е спакувана во поштенска стандардизирана и типизирана амбалажа или во некоја друга амбалажа која , во поглед на димензиите и техничките карактеристики , ги исполнува истите услови како поштенската амбалажа .

 

Гломазен пакет е оној пакет кој има некоја од следниве карактеристики

•  која било димензија преминува 50 см ; 

•  кои било две димензии , земени одделни , преминуваат 30 см ; 

•  поради особената форма не може да се сложи со другите пакети ; 

•  има тежина поголема од 5 кг . 

Ако пакетот е гломазен по повеќе основи , гломазноста се зема само по еден основ . 

 

4. Поштенска и телеграфска парична упатница се книжени поштенски пратки со кои испраќачот доставува одредена сума пари на примачот.

 

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Помош за корисници
  • Help
  • Kalkulator
  • Sledenje na Pratki
  • EMS
Video